Македонија има европски шампион. Македонија слави уште еден историски успех! По освоениот сребрен медал на Европското првенство во 2024 година, оваа година, Даниела Алексовска, членка на „Д Стронгест“, се закити со златен медал на Европското ММА првенство 2025 во Белград, Србија.
Во финалето на женската дивизија, Алексовска ја совлада Анастасија Хородивска од Украина – актуелната светска вицешампионка – во првата рунда за помалку од една минута со зафат (триаголник), освојувајќи ја првата европска ММА титула за Македонија во женска конкуренција.
View this post on Instagram
Овој успех претставува значајна победа за македонскиот ММА спорт. Алексовска уште еднаш докажа дека припаѓа на европскиот врв.