За среќа, избегнат е потежок инцидент, откако другите полицајци кои се најдоа на местото го спречија демонстрантот во намерата.
Според новинарката на порталот Pacensure.com Лиридона Вејсели, која го објави видеото, за време на денешниот протест, на кој се бараше „одговорност и правда“ за жртвите во катастрофалниот пожар во тетовската модуларна ковид-болница, полицијата и покрај „загреаната“ атмосфера и спорадичните судири со демонстрантите, не ги попречувала новинарите, на кои им биле обезбедени услови за известување од настаните.
Демонстрантите попладнево маршираа низ тетовските улици, фрлаа јајца врз зградата на општината, а потоа се обидоа, но не успеаја да стигнат до седиштето на ДУИ во Мала Речица. МВР соопшти дека на протестот полесно се повредени четворица полицајци, а тројца демонстранти се уапсени.