Случајот со убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ги потресе граѓаните. Вања е киднапирана, па убиена во центарот на Скопје. Монструмите не смеат да живеат во Македонија. Повеќе од три децении подземјето е аздисано, од криминалци стануваат бизнисмени и политичари. Ваква е секојдневната приказна во Македонија.
Од двојното убиство се отвораат многу прашања: Кој е мотивот за двојното убиство за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес? Зошто некој би убил 14 годишно девојче, а зошто некој би посегнал по живот за 500 евра? Каква е улогата на таткото? Како е возможно да се грабне Вања кога има згусната евиденција? Што е регистрирано од камерите на Вања? Дали има свиркач во МВР кој го штител Палчо? Дали некој сакал да направи дестабилизација во Македонија? Дали таткото на Вања помогнал во убиството?
Многу одговори ќе дојдат кога ќе се врати и Палевски. Но, кога? Колку долго официјална Анката ќе го држи Палевски?
Новинарката Енџи Николоска направи прилог на оваа тема во изданието овој петок на „Трилинг“.
Тројца од осомничените тврдат дека активноста на јавноста ги довела до ситуација на паника, па така се случил овој грозоморен чин.
За трагедијата и овој застрашувачки чин зборува криминологот проф. др. Ангелина Станојоска.
Станува збор за фреквентен период во утрото каде во тој дел од градот голем дел од луѓето се движат кон работа. Има одредени нејасностии дека би се убил човек само да се искористи за грабнување на друго лице или 500 евра се доволни да се лиши од слобода друго лице. Осомничените често пати кога даваат изјави кажуваат нешто кое понатаму го менуваат, вели таа.
Новинарката Јадранка Костова гледа нелогичности при ова убиство.
Тешко е човек да замисли економски причини. Да убијат човек за 500 евра долг е неверојатно.
„Како може да немаат грижа на совест?“ е едно од прашањата кои ја мачат јавноста.
При разговор со психологот Росалија Секуловска разговараме за социопатите и психопатите.
Има убиства кои се прават во афект, но има и некои кои се прават смислено. Можеби станува збор за социопатија тие најчесто се антисоцијални личности кои ги кршат моралните и правни начела и норми на однесување, тие немаат грижа на совест, немаат каење, лажат, манипулираат и доста се импулсивни.
Социопатите и псиопатите се разликуваат во однос на тоа дали се раѓаат како такви или пак тоа го стекнуваат во текот на животот, односно тоа го учат во животот, вели Секуловска.