По завршувањето на официјалната посета на Токио, албанскиот премиер Еди Рама се обиде да и бакне рака на јапонската премиерка Санае Такаичи, гест што претходно го направи со својата италијанска колешка Џорџија Мелони и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објавија албанските медиуми.

Јапонската премиерка, како што може да се види од видеото на линкот, се дистанцираше од постапката на Рама, одржувајќи го официјалниот прием што му го приреди на својот колега од Албанија.