Серија силни експлозии одекнаа во центарот на Херсон, во близина на телевизиската кула, која е под контрола на руските сили, јави Си-Ен-Ен.
На видео снимка, објавена на социјалните мрежи, се гледа експлозија во воздух.
Си-Ен-Ен наведува дека ја потврдиле автентичноста на снимката.
Strikes reported in Kherson tonight, TV tower was hit pic.twitter.com/p7HRcdqSfX
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) April 27, 2022
Руските државни медиуми јавуваат дека Украина истрелала три ракети врз градот кој од почетокот на март е под руска окупација.
Соборени се две ракети, пренесуваат медиумите.