По ерупцијата на вулканот во саботата вечерта, лавата се спушти до градот Гома и уништи најмалку 500 домови во селата што се наоѓаат во близина на Њирагонго.

Претставници на УНИЦЕФ соопштија дека се организирани транзитни центири за да им се помогне на децата кои се без придружба на возрасни лица.

Вулканот Нирагонго се наоѓа во националниот парк Вирунга, на помалку од 20 километри северно од Гома и недалеку од границата со Руанда. Лавата пристигна до Гома, која брои два милиона жители.

По ерупцијата жителите на Гома го напуштија градот и побегнаа во Руанда, а во текот на вчерашниот ден почнаа да се враќаат во своите домови.

Вулканот Њирагонго последен пат еруптираше во 2002 година, кога лавата уништи големи делови на Гома, при што загинаа околу 250 лица, а 120.000 лица останаа без покрив над главата.