Историски студен бран минува низ Бразил и веќе донел снег во државата Рио Гранде до Сул на крајниот југ на земјата, јавува порталот “G1”.

Метеоролозите прогнозираат температура до минус 10 степени Целзиусови, а рекордно ниски температури се очекуваат во југоисточните градови утре и во сабота.

Во 30 окрузи во државата Санта Катарина регистрирана е температура пониска од минус седум степени Целзиусови, а властите во Рио де Жанеиро регистрирале бранови со висина од четири метри.

Медиумите јавуваат дека снег денеска паѓал во најмалку 13 бразилски градови, вклучувајќи ги Пелотас, Сао Франциско де Паула и Карлос Барбоса, а на некои места паѓал град.

Народот излегол на улиците, за да му се радува на снегот и да прави Снешко.

Се очекува дека студот ќе влијае на посевите на кафе следната година, бидејќи студениот бран го зафатил “централниот појас на кафето” во Бразил.