Заедно со Шумската полиција сторителите се фатени и се поднесуваат кривични пријави
Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, денеска информира дека заедно со Шумската полиција од ПС Скопје на лице место се фатени дрвокрадци кои во изминатиот период незаконски сечеле дрва во Радовишко.
„Заедно со Шумската Полиција од ПС Скопје денеска на лице место фативме дрвокрадци кои изминатиов период правеа партал во Радовишко! Одземени се две моторни возила, една моторна пила и други средства кои ги користеа денеска дрвокрадците. Сторителите се идентификувани и против нив веднаш ќе бидат поднесени кривични пријави! Нема недопирливи – на сите ќе им дојде крајот!“, изјави Михаилов.
Според него, акцијата е дел од континуираните мерки на ЈП „Национални шуми“ за заштита на шумите и превенција од илегална сеча, со цел зачувување на природните ресурси и безбедноста на граѓаните.
