Уапсен убиецот од штипското кафуле – приведени и четворица негови помагачи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го уапсило лицето осомничено за убиството на 25-годишниот студент од Турција, кое се случи синоќа во кафулето „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип. Заедно со напаѓачот се приведени и четворица негови помагачи, исто така турски државјани, кои му помогнале да се обиде да побегне од местото на злосторството.

Потрагата била „филмска“. Убиецот пробил наплатна рамка кај Миладиновци, а полицијата отворила оган по него.

Инцидентот бил пријавен во 21:25 часот, кога во полициската станица Штип било соопштено дека во угостителскиот објект е пукано кон Е.О. (25) од Република Турција. Повредениот бил итно пренесен во Клиничката болница во Штип, каде во 22:10 часот била констатирана неговата смрт.

Апсење со дронска потера и координирана акција

Според соопштението на МВР, напаѓачот К.К. (21) бил уапсен во близина на наплатната рампа кај Миладиновци, со помош на дрон и координирана акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција.

(ВИДЕО) Уапсен убиецот кој пукаше во штипското кафуле – убиениот е странски државјанин

Во 22:15 часот било запрено патничко возило „БМВ“ со штипски регистарски таблички, во кое се наоѓале А.Х. (22), Т.М. (22), О.М. (29) и А.О. (28), сите од Турција. А.Х. во моментот се обидел да избега, но набргу и тој бил пронајден и приведен, заедно со осомничениот К.К.

Следуваат кривични пријави

Сите уапсени се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Извор: МВР