По десет дена од објавата на „360 степени“ за спорната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци кој лани го купил Генералниот секретаријат на Владата за потребите на МВР, но до ден денес никој не го користи, гласот допре и до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Поранешниот генерален секретар, оваа скандалозна вест ја дочека на топлите плажи во Мексико каде се одмораше со своето семејство.
Во меѓувреме, во негова одбрана стојат и премиерот и од Владата, иако се уште нема задоволително објаснување – зошто Рашковски купил софтвер кој полицијата не планира да го користи и дали нарачката била по мерка на неговиот претходно патентиран изум.
Од тимот на „360 степени“ се обидоа да дојдат до локацијата на која се наоѓа фирмата, но од таму им беше кажано веќе никогаш да не ѕвонат на било кој од становите во зградата, а во спротивно ќе биде повикана полиција.
Целиот текст прочитајте го со клик ТУКА.