Во градскиот парк во Хамбург, полицијата по полноќ прекина забава на која се собраа повеќе од 4.000 луѓе.

Според полицијата, забавата започнала мирно, а во текот на вечерта имало се повеќе конфликти меѓу насобраните и употребата на забранети пиротехнички средства.

Во Аугсбург, Баварија, полицијата во центарот на градот интервенираше по полноќ и ја прекина забавата на околу 1.400 луѓе.

На другиот крај од градот, околу 250 лица блокираа мост, по што интервенираше полицијата.

По тој повод, дел од насобраните фрлаа шишиња и други предмети во правец на полицијата, со што, според полицијата, биле повредени неколку полицајци.

Во судирите била нападната и екипа на брза помош, по што еден од напаѓачите бил уапсен.

Според изјавата, употребата алкохолот од страна на собраните исто така играл „голема улога“ за време на немирите.

Во моментов, во повеќето делови на Германија, постои правило за собирање максимум 250 лица на отворено во согласност со мерките.