Илјадници евакуирани, едно лице загина, тројца исчезнати – најголем шумски пожар во Франција во последните 80 години

Најголем шумски пожар во Франција во последните 80 години го зафати јужниот дел на земјата и предизвика големи човечки и материјални загуби. Едно лице загина, а тројца се водат како исчезнати, соопштија француските власти.

Пожарот избувнал на 5 август во близина на селото Ла Рибо во регионот Од. За само неколку дена изгореле над 16.000 хектари површина поголема од Париз. На терен се ангажирани повеќе од 1.800 пожарникари, кои се обидуваат да го локализираат најголемиот шумски пожар во Франција во поновата историја.

Илјадници луѓе евакуирани, над 25 домови изгорени

Во катастрофата целосно изгореле најмалку 25 куќи, а околу 2.500 домаќинства останале без електрична енергија. Илјадници жители биле итно евакуирани во безбедни зони, додека ветерот и топлото време ја отежнуваат работата на спасувачките служби.

Локалните власти предупредуваат дека огнената стихија може дополнително да се прошири доколку временските услови не се стабилизираат.