Леталата постојано го гаселе пламенот од горе, додека се очекувало и доаѓањето на рускиот авион “Беријев 200” за помош во напорите за гасење на пожарот, пренесува грчката агенција “ANA”.
Пожарната бригада соопштила дека успеала да го стави под контрола пожарот кој се движел кон хотелот “Филипио”, кој безбедно бил евакуиран со помош на полицијата бидејќи бил многу блиску до пламенот.
Напорите сега се насочени кон гасење на пожарот во коритото на потокот на северот на шумата, додека ситуацијата на југот е опишана решлива и сообраќајот на тој пат не е сопрен.
Ангажирани се вкупно 64 пожарникари и 21 пожарно возило.