Кога го поканив господинот претседател и го замолив да се обрати, рече дали мислиш дека треба да зборувам. Како не, јас задолжително мислам дека треба да ни се обрати идниот претседател на Владата на Република Македонија. Од се срце сакам да ви се заблагодарам на сите граѓани на Карпош, навистина ме почестивте со почит и со гласови, почит кон се он и оној труд што го направивме од 2009 до 2017 година. Сакам да им се заблагодарам на сите они симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ што ме подржаа и што ќе ме поддржуваат во недела. Сакам да им се заблагодарам на сите симпатизери и членови на СДСМ што ме поддржаа и ќе ме подржат во недела, на Левица, секако на мојот Гром, на Социјалистичка партија, на Подем, на партијата на Власите, на Српска напредна странка господинот Милетиќ, на членови и симпатизери од ДУИ, БЕСА, ДПА, истакна на денешниот завршен митинг, кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски.
Тој истакна дека деновиве сите му се обраќаат, му се јавуваат, му честитаат и му велат: „Кажи што треба да помогнеме“.
– На сите, на ромските партии во Македонија, на сите граѓани од македонска, влашка, српска, албанска националност, срби, хрвати, бошњаци, словенци, сите што се, сите овие гласови што ги имам зад мене, тие се гласови народни, тие се гласови на граѓаните на општина Карпош. А нивните гласови се оние само партиските на кругчето околу нив. Благодарност сакам да изразам и до господинот Оливер Зафировски и верувајте ако тој беше во вториот круг јас исто така вечерва ќе бев овде со мојата ГРОМ него да го поддржиме во битката која што треба да ја добиеме на 31 овој месец, односно во недела, посочи Јакимовски.