Утрово во нашето студио разговаравме со Весна Кираџиева, поранешен претседател на АФЖ на Левица. Таа ги разобличи Левица и Димитар Апасиев за нивните двојни стандарди. Според неа, на Левица ѝ е удобно во опозиција.

„Од тоа јас што ги знам луѓето во Левица немаат амбиција да дојдат на власт. Удобна им позицијата во која моментално се наоѓаат – опозиција. Го гледаат премиерот во каков хаос се наоѓа сега, има по три интервјуа дневно, одговара по 200 прашања дневно, решава 3000 проблеми дневно. Веројатно платата е 500 евра разлика, па си имаат пресметано „Зошто да си ја ставам главата во торба за 500 евра разлика“. Реално, огромен притисок е да си на власт во вакви околности, кога водиш држава и имаш одговорност, кога секогаш секој ќе те плука, си имаат искаклурирано дека подобро им е во опозиција“, вели Весна Кираџиева за Радио Лидер.

Кираџиева смета дека на следните избори сите три опозициски партии ќе имаат голем дебакл сите три опозициски партии, односно Левица, СДСМ и ДУИ. Таа вели дека е изненадена од негативната нарација во Левица.

  • „Откако излегов од Левица изненадена сум од негативната нарација на таа партија да измислуваат и напумпуваат работи кои не се вистина. Можеби ние, група која нагло излеговме можеби бевме балансер којшто ги држевме во контрола работите. Откако останаа сами, убаво кажавте „лешинари“, почна да ги фаќа паника дека губат рејтинг, луѓе и членство, па по секоја цена сакаат да се вратат. Тоа што го работат моментално, изминатава година наназад го има тотално спротивниот ефект од она што сакаат да го наметнат“, додава Кираџиева.

Кираџиева додава дека не е убаво во трагедија Левица да има наратив кој шири хистерија. Потенцираше дека се измислувало за над 100 мртви.

  • „Не може на ваква трагедија да измислуваш вакви работи. Прво имало 70, па 100 починато, па бензинска пумпа дека имало со 10 тони нафта. Па отпосле излезе дека не е точно и дека не е воопшто поврзано. Буквално се пушта од фотографија од странски медиум. Веројатно сметаат дека се уште прифаќаат разочарани вмровци и сдсмовци“, заклучува Кираџиева за Радио Лидер.

Целата емисија може да ја погледнете во продолжение: