Имаме сомнежи дека субвенциите се делени по партиски клуч, а изнесовме и информации дека субвенции добивале лица со живеалиште во централното градско подрачја, кои живеат на улиците „Народен Фронт” и улица „Македонија”, каде што има приклучок на градска топлификациона мрежа, или се греат на струја, но не се греат на дрва.
Во исто време запоставени се жителите на Лисиче, Ѓорче Петров, Драчево и други населби, кои се греат на тврди горива и во текот на зимскиот период влијаат на зголемено загадување на воздухот. Шилегов го најави проектот како помош за нив, а заврши како помош за луѓе кои воопшто не се во зоните извор на загадување.
Уште поголем сомнеж фрли и произволноста на службите кои работат под диктат на Шилегов, а кои прифаќале за едни апликанти потврди од БЕГ, а за други изјави од Нотар. Никаква заштита на личните податоци на граѓаните и немало никаква унифицираност при нивната работа.
За сите овие сомнежи поднесовме претставка до ДКСК, но од таму нема реакција кога станува збор за Шилегов. Зошто се молчи?
Светлана Колариќ, советничка во Советот на Град Скопје