Teтовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Билал Касами, синоќа во Тетово, честитајќи го празникот 28 ноември – Денот на знамето на Албанија, повика на единство меѓу Албанците. Тој упати провокативна изјава, пренесе Фактор.

„Косово да стане втора албанска држава, а по Косово, зошто да не и Македонија“, објави весникот Лајм.

Повика на обединување и на Прешевската долина.

Овие коментари Касами ги даде на настанот организиран во Тетово, каде Европската лига за промени, на која припаѓаат Беса, Алтернатива и Демократско движење, официјално ја потпишаа декларацијата за соработка под името „Европска лига за промени“.

Во август годинава, тој пушташе во употреба улица во Општина Тетово и изјави за медиумите така што се фотографираше додека во заднина се вееја знамето на „Аолема Албанија“ и албанското национално знаме.
Претходно, при посета на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово, исто се вееше знамето на „Голема Албанија“.

Вчера имаше инцидент на Попова Шапка. Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија.