Социјалдемократскиот сојуз, исплашени од поразот кој ги чека тргнаа во својата добро позната тактика – поткуп и уцени! Согласно информациите со кои располагаме, имаме основано сомнение дека луѓе кои се дел од СДСМ и се блиски до власта, организираат активности со кои ќе вршат поткуп на гласачите. Лицата кои според сомнежите се задолжени за ваков вид на операции се луѓе со сомнително, а дел се и со криминално минато. Станува збор и за сегашни и поранешни функционери, објави на денешната прес-конференција, Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека денеска ќе објават информации што се добиени од луѓе од СДСМ кои не сакаат да излезат јавно, како и информации добиени од нивни активисти.
Конретно, за Бутел за поткуп се задолжени извесни Коста Н., кој најверојатно е директор на едно скопско јавно претпријатие, Владимир Н., Едмонд В., Сенад С., Марин Б., Ханза В., Горан Ж.; За Ѓорче Петров Сенат В., Мартин Т., Нешо К.; За Кочани Закират А., Дужикан И., Зија М., Емил И.; За Крива Паланка Милан М. близок до кандидатот за градоначалник, Димче и Синиша Т. блиски до Љупчо Николовски; За Свети Николе Влатко Н. и Игор В; За Охрид Горан Н., Емир Л., Роберто Ц., Игор Ц.; За Битола Васко К. За кој се сомневаме дека е директор на една државна фирма; За Велес Орце С.; За Делчево Ѓоко А.; За Илинден Срѓан Д. поранешен вработен во МВР. Во Виница според информациите кои ги имаме за поткуп е задолжен Риза С. Поголемиот број од овие луѓе според наши сознанија во себе имаат и повеќе лични карти од лица на кои им се заканувале, чуваат брашно, зејтин и други средства за поткуп, како и парични средства, откри Ковачки.
Тој апелира до граѓаните да не подлегнуваат на притисоците и на поткупот.
Ги знаеме сите до еден. Одговорно тврдиме дека ќе одговараат и никој нема да избегне одговорност. Како партија, јавно ги повикуваме и им укажуваме на сите овие луѓе, но и на сите други кои од Зоран Заев се принудени на нелегални активности, вие за разлика од Заев имате алтернатива. Кажете им НЕ на Заеви и оградете се од нив. Во моментот ги собираме сите докази како видео материјали, фотографии и аудио снимки кои по комплетирањето ќе бидат соодветно процесиурани до надлежните институции и ќе бидат презентирани на јавноста. Јавно го повикуваме и министерот за внатрешни да не се прави глув и слеп на овие информации и да преземе мерки и активности во своја надлежност и да не биде дел од овие нелегални активности. Доколку се оглуши и на овој наши повик, и тој ќе одговара веднаш после промената на власта, истакна Ковачки.
Ковачки е дециден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, а потоа ќе ги спровеле сите правни дејства кои им стојат на располагање.
Овие луѓе мора да одговараат и истите тие треба да се свесни дека оние кои сега им делегираат насоки тогаш нема да ги заштитат, туку напротив ќе гледаат сами себе да се спасат од лицето на правдата. И покрај бруталниот поткуп сите анкети и бројки укажуваат дека СДСМ убедливо ќе ги загуби изборите. Тоа го знае и Заев, тоа го знаат и тие околу него. Затоа единствено нешто што им преостана е поткупот. Овие очајнички потези на страв и паника од поразот ќе завршат на 17-ти октомври со победата на ВМРО-ДПМНЕ, заврши тој.