Игор Лазарев – носител на листата на коалицијата „Обнова на Македонија“ со Повик за обединување на опозиција во Советот на Општина Центар
По долго владеење СДС го изгуби мнозинството во Советот на Општина Центар. Граѓаните се определија да гласаат за опозиционите партии и за опозиционите листи, изјави Лазарев.
Како носител на опозициската листа која што освои најголем број советници ги повикувам партијата „Левица“, предводена од носителот Марија Среброва и независниот кандидат Јана Белчева, кои што презентираа прекрасни проекти за време на кампањата, да се обединиме околу неколку најважни точки кои што ќе донесат поквалитетен живот за сите нас во Општина Центар. За да биде овој мозаик целосен потребно е професорката Наташа Котлар да застане на чело на Општината. Затоа, на 31 октомври, Ве повикувам сите Вас кои што во првиот круг гласавте за кандидати кои што не влегоа во вториот круг, и сите Вие кои што не гласавте, сите заедно да излеземе и да го дадеме нашиот глас за професорката Наташа Котлар, изјави Лазарев.