„Венко Филипче да каже како со плата се купува `ауди Q8` и се гради хациенда на Водно? Чиво е аудито со кое Венко Филипче се вози, и дали е на негово име или на некој друг, ако е на друго име, кој е тој што на Филипче му дал да вози кола од 250.000 евра и со кој мотив? Дали луксузното `ауди Q8` кое го вози Филипче е награда за некој од десетиците милионски тендери и дали народот страдаше 7 години за сега Филипче да се вози во скапи џипови?“ праша на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Тој бара „Филипче да каже и како неговото семејство се стекна со хациенда на Водно и колку пари е платена истата? Филипче да каже дали добитниците на тендери во здравството морале да влегуваат во дилови со него или нему блиски?“.
„ДКСК и ЈО да отворат истраги за имотот на Филипче, но и тој кој истиот го користи, а за кој постои сомнение дека може да станува збор за скриен имот. Филипче да не се крие зад политичката позиција и да каже како се станува милионер со плата. Ова е грдото лице на СДС и ДУИ, кое никогаш не смее да се врати“ рече Лефков.