Вчера таму повторно избија судири меѓу израелската полиција и Палестинците по традиционалната молитва на муслиманите во петок попладне.

Израелската полиција соопшти дека имало немири и дека стотици млади луѓе фрлале камења и Молотови коктели на полицајците.

Немирите беа првиот тест на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас воспоставен по 11 дена жестоки борби со размена на ракетни напади и бомбардирање.

Тензиите на светото место во Ерусалим му претходеа на тој судир – четвртата војна меѓу двете страни, која почна на 10 мај и во која загинаа 243 Палестинци и 12 Израелци.

Ридот на храмот каде што е џамијата е и најсветото место во јудаизмот бидејќи таму некогаш се наоѓале дрвени еврејски храмови, а се наоѓа во источен Ерусалим кој Израел го освои во Шестдневната војна во 1967 година и подоцна го анектираше.

Израелските лидери кажаа дека прекинот на огнот е безусловен, но Хамас кажа дека барал отстапки на Ридот на храмот во замена за прекинот на огнот.

Палестинците на својата друга територија, на Западниот брег, каде доминира поумереното движење Фатах, со масовни поворки го славеа примирјето како успех на Хамас во судирот со Израел.

Во појасот Газа славјето на илјадници луѓе на улиците почна веднаш откако во два часот наутро прекинот на огнот стапи на сила.

Ханије, фалејќи ја „победата на Хамас“, кажа дека поради војната се попречени обидите на Израел да се интегрира во арапскиот свет.

-Го уништивме проектот на „коегзистенција’ (на Арапите) со Израел, „нормализацијата со Израел, кажа Ханије алудирајќи на насилството меѓу израелските Арапи и Евреи во градовите со мешано население, кое изби додека траеше оружениот судир на израелската војска и екстремистичките организации во Газа.