Земјотресот се случил во 21:54 часот по локално време со епицентар на 33 километри јужно од градот Мала на длабочина од 32 километри.
Голем дел од жителите на Лима излегоа на улиците поради силните потреси.
-Тоа беше многу силен удар, ја потресе целата куќа, моравме да излеземе, изјави за Франс прес Јулија Лазаро Родригез (60).
Перу се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен каде се одвиваат најсилните сеизмички активности во светот, а во просек годишно има по 200 помали земјотреси.