Според информации од Белград, на Белградскиот саем, за разлика од вчера, кога беа вакцинирани 5.299 странски државјани, од кои речиси половината беа Македонци, денеска беше празно. Ги немаше вчерашните турканици, а како што изјавија здравствените работници на саемот, бројот на Македонците кои до пладне се вакцинираа изнесувал над 100.
Во Ниш пак, течеше вакцинацијата со засилено темпо. Во халата Чаир за вакцинација пристигнаа околу 2000 македонски државјани. Поради големиот број на нерегистрирани лица за вакцинација настанаа големи турканици и вакцинацијата беше прекината за оние кои немаа покани и закажан термин.
Погледнете ги фотографиите и видеата кои наши државјани ги испратија до редакцијата на Лидер.
Ново видео од Ниш: Во недостаток на вакцини кај нас, Македонците нагрнаа на Србија, стотици луѓе чекаа во ред за да бидат вакцинирани
Posted by Радио Лидер on Sunday, March 28, 2021