Партерно уредување на плоштадот и изградба на подземна катна гаража во Велес

 

Во тек е реализацијата на проектот за партерно уредување на плоштадот и изградба на подземна катна гаража во Општина Велес објави премиерот Христијан Мицкоски. Проектот е во работна фаза и претставува значајна инвестиција во унапредување на градското јадро и јавната инфраструктура.

Со инвестиција во износ од 132.025.324 денари, се создаваат услови за посигурно, поефикасно и пофункционално користење на градскиот центар, подобра сообраќајна организација и зголемена пристапност за граѓаните и посетителите.

Овој проект е важен чекор кон современ, уреден и одржлив урбан простор кој одговара на потребите на заедницата.

Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.