Четворица возачи биле повикани денеска во полициска станица по објавувањето видео на кое се гледа како неколку возила го попречуваат сообраќајот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје повикани се Д.Г. (28), кој управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, М.П. (25), кој управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, Љ.Б. (48), кој управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, и С.С. (23), кој управувал патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки“, соопшти МВР.

Против возачите се преземени соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тие ќе се соочат со законски предвидените глоби.