Над 100.000 жители во Санкт Петербург остнаа без струја по силна експлозија. Едно од местата каде снема струја беше и рускиот аеродром Пулково и квартот Шушари во Санкт Петербург, источно од аеродромот.
Според различни канали на Телеграм, локалните жители слушнале силен звук налик на експлозија и виделе блесок еден час пред прекинот.
Руските власти се уште не ја коментираат ситуацијата. Повеќе од 100.000 луѓе останаа без струја, објавија граѓани на социјалните мрежи.