Три лица загинаа, а четири се повредени во експлозија во станбена зграда во Русија, соопштија тамошните власти.
Експлозијата се случи утрово во стан во градот Химки, во близина на Москва.
Според официјални лица, загинати се двајца возрасни и едно дете.
Уште четири лица, меѓу кои и 10-годишно дете, се хоспитализирани со повреди.
Жителите на зградата се евакуирани.
Причините за експлозијата сè уште се испитуваат, но локалните медиуми јавуваат дека станува збор за истекување на гас.
#BREAKING : Two people died in a gas explosion in #Khimki near #Moscow including a three-year-old child. pic.twitter.com/b40bBPn4pE
— Sushmit Patil Сушмит Патил सुश्मित पाटिल (@PatilSushmit) March 19, 2021