Иако јавноста чекаше реакција од претседателот на ДУИ, Али Ахмети за контроверзните моменти од гостувањето на косовскиот премиер Курти во Скопје и Тетово, Ахмети на денешната прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица воопшто не ги спомна настаните, туку најави изградба на пат од Тетово до Призрен со што како што рече ќе се инвестира во мирот, стабилноста и сигурната иднина на регионот. Ахмети го прими косовскиот министер за транспорт и врски Либурн Аљиу на барање на премиерот на Косово Албин Курти, објави ТВ24.