Кешад Џонсон од Мајами хит е победник на натпреварот во забивање на Ол-старот викендот во НБА лигата
Кешад Џонсон од Мајами хит е победник на натпреварот во забивање на Ол-старот викендот во НБА лигата, додека плејлмејкерот на Портланд Треил Блејзерс, Демијен Лилард, славеше во шутирање тројки.
По трет пат во кариерата, Лилард е шампион во брзо шутирање тројки. Оваа година победата е импресивна бидејќи Лилард не игра поради скината Ахилова тетива, поточно, сè уште се опоравува од повредата.
Лилард победи со 29 поени во финалната рунда, против 27 на Девин Букер и 17 на дебитантот во лигата, Кон Кнупел.
Кошаркарот на Мајами хит победи во натпреварот на забивања, откако беше поуспешен од Картер Брајант од Сан Антонио во финалната рунда.
