На социјалните мрежи се појави видеоснимка од надзорни камери во Ресен, на која се гледа како граѓанин со секира разбива банкомат на една македонска банка.

Засега не е познато што го мотивирало или разлутило ресенчанецот да посегне по вакво „ладно оружје“ против апаратот за готовина. Останува непознато дали банкоматот му ја задржал картичката, не му го прифатил ПИН-кодот, покажал дека на сметката нема средства или, пак, лицето итно се обидувало да дојде до готовина.

Во моментов нема информации дали ресенската полиција ја видела снимката и дали лицето што го оштетува банкоматот е идентификувано.