– Следното рочиште ќе биде на втори јуни и се надевам дека тогаш ќе имаме можност да ги соочиме со Зоран Заев аргументите. На ова рочиште е предвидено да се случи и распит на странки, така што имајќи предвид дека јас се бранам самиот без адвокат ќе имам неколку прашања да поставам и кои што ќе бидат интересни за македонската јавност, како јас презентирам докази кои што мислам дека ќе го поткрепат ова мое тврдење, појасни Николоски.
Тој рече дека останува на тоа што го кажал и останува на вистината.
– Така што еве по однос на оваа работа ќе се видиме на втори јуни, рече Николоски.