Николоски потенцираше дека СДСМ промовира кандидат за градоначалник на општина Аеродром кој е осудуван.
-Кандидатот на СДСМ е лице коешто е осудувано за напад со тешки физички повреди, имено истиот има пресуда и од основниот и од апелациониот суд за напад врз друго лице, за што е осуден на две години условна казна со една година ефективна казна заради тоа што нанел тешки телесни повреди на друго лице. Од она што ние го имаме како осознание се работи за еден тешок инцидент во којшто другото лице било на раб да го загуби животот.Тако човек кандидира Зоран Заев и СДСМ тука во Аеродром.
Тој додаде дека кандидатот на СДСМ за општина Аеродром не живее во Аеродром, туку е пратен по пошта во општината.
-Менува адреса на крајот на месец март оваа година, со цел да биде градоначалник во Аеродром, а си живее на Водно и живее на Водно затоа што цел живот живее таму, а живее и можеби во едни од најпознатите хациенди во Македонија. Тоа се првите две хациенди коишто се изградија на Водно во 90-тите години од криминалната олигархија на СДСМ веднаш после распадот на поранешната држава и криминалната приватизација.
Тој посочи дека тие хациендите се изградени од браќата Филипоски од коишто едниот бил министер за економија, а другиот директор на аеродроми и дека едниот го пропаднал Охис, а другиот го пропаднал македонското стопанство.
-Во криминалната приватизација тие се стекнаа со огоромно богатство кое што прво го инвестираа во две хациенди на водно, во коишто во едната сега живее кандидатот актуелниот кандидат за градоначалник на општина Аеродром, а после тоа го инвестираа своето богатство и во други бизниси, скапи коли итн. Што само покажува дека криминалната олигархија сеуште владее со СДСМ и затоа треба и ќе бидат поразени на изборите коишто следуваат, затоа што се потребни чесни кадри, Тимчо е докажан како квалитетен, како чесен и затоа ќе ја освои довербата на жителите на Аеродром.