Драматични видеоснимки од голем пожар во Сутоморе, Црна Гора, вечерва се шират на социјалните мрежи. На снимките се гледаат големи пламени јазици и густ чад кој се шири над населеното подрачје.
Според видеоснимката објавена на Инстаграм-профилот „192_rs“, огнот во еден момент стигнал многу блиску до куќите во Сутоморе.
„Голем пожар во Сутоморе, огнот стигна до куќите“, стои во описот на објавата.
На снимката се гледа како огнената линија се приближува до населеното подрачје, додека густ облак чад го прекрива овој дел од црногорското приморје.
Близината на пожарот до куќите и другите објекти предизвикува особена загриженост, особено поради големиот број туристи кои во текот на летната сезона престојуваат во Сутоморе.
View this post on Instagram
