Претставничката на ОН за Мјанмар остро го осуди „крвопролевањето“ во Мјанмар каде вчера беа убиени 39 луѓе во демонстрациите против воената хунта.

– Меѓународната заедница, особено регионалните актери, треба да се обединат во знак на солидарност со луѓето во Мјанмар и нивните аспирации за демократија, нагласи претставничката на ОН, Кристин Шране.

Од 39 жртви, 22 луѓе се убиени во предградие на Јангон. Се стравува дека бројот на жртви може да биде поголем.

Од воениот удар изведен на први февруари, во јужноазиската земја непрекинато се одржуваат масовни протести против воената хунта.

Демонстрантите бараат ослободување на премиерката Аунг Сан Су Ќи, уапсена и ставена во куќен притвор од страна на армијата. Стотици луѓе се упасени од изведувањето на пучот, а многумина се повредени за време на демонстрациите, но без оглед на опасноста, луѓето не прекинуваат да го изразуваат својот револт.