Директорот на затворот Филип Андонов во изјава за МИА вели дека Рашковски согласно протоколите за заштита од Ковид-19, ќе биде сам во ќелија десетина дена.
Попладнево, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција ја прифати жалбата на јавниот обвинител и му определи 30-дневен притвор на Драги Рашковски и Даниел Станчевски во врска со „истрагата за набавка на софтвер“.
На 16 април, на Рашковски му беше определен куќен притвор по четиричасовен распит во Кривичниот суд.