При преглед во возилото биле пронајдени седум големи торбици во кои биле сместени 180 полиетиленски пакувања со различна форма во кои имало марихуана.
Неговото соопштение го пренесуваме во целост:
„По претходно преземени мерки кон Ш.А. (23) од с.Ливада, Струга, кој од претходно и е познат на полицијата како транспортер на дрога и кој бил задолжен да ја презема дрогата од Р.Албанија и потоа да ја транспортира до различни места во државата, вчера (20.03) околу 13 часот, на патот кон село Манастирец, Кавадарци полициски службеници дале знак за запирање на возило „ауди а6“ со струшки регистерски ознаки, управувано од Ш.А. (23), но тој не застанал и се дал во бегство, при што оштетил три полициски возила, а било употребено и огнено оружје, по што Ш.А. бил фатен и лишен од слобода.