Синоќа на градскиот плоштад во Чачак настапи српската пејачка Ана Бекута, но концертот наместо празнична атмосфера предизвика револт

 

Синоќа на градскиот плоштад во Чачак настапи српската пејачка Ана Бекута, но концертот наместо празнична атмосфера предизвика револт и незадоволство кај дел од граѓаните.

Причината беше сумата од 4,5 милиони динари, односно околу 40 илјади евра, издвоена од градскиот буџет за нејзиниот настап, во време кога голем дел од Србија се соочува со сериозни проблеми поради обилните снежни врнежи и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Група  поддржувачи на српската опозиција ја гаѓаа пејачката Ана Бекута со снежни топки и мразулци за време на нејзиниот концерт.

Ана Бекута им се обрати.

– Срам да ви е! Дали имате мајка? Дали имате сестра? Дали имате баба? Срам да ви е! Каде е полицијата овде? Дали полицијата прави нешто? Нема повеќе да пееме и свириме! Ајде, рацете во воздух – рече Ана Бекута и продолжи да пее.

Бекута се симна од сцената, но не го прекина концертот и продолжи да пее покрај сцената дури и после тоа.

До полноќ, пејачката не престана да пее, а на крајот се качи во комбе и продолжи да пее од возилото.