Нападнати Срби во Звечан, а две лица се ранети, јавуваат медиумите. Како што наведуваат, шок бомби летаат на сите правци и се слуша пукање, а нападот го извршил КФОР.
Најмалку двајца Срби се ранети, од кои еден млад човек е тешко повреден од огнено оружје, откако припадниците на КФОР употребиле шок бомби, а со огнено оружје пукале и припадници на косовската полиција, јавува Косово онлајн.
Двајцата повредени веднаш се пренесени во КБЦ Косовска Митровица. Нападот се случил откако припадници на мисијата на НАТО ги нападнале Србите кои мирно седеле пред општина Звечан.
КФОР тргнал против народот со сила, користејќи палки, шок бомби и солзавец. Запален е и приватен автомобил.
#Kosovo: Clashes today between Serb locals and Kosovar special police unit ROSU in Zvečan today 1/: pic.twitter.com/zaDyOsjMO7
— The WannabeWonk (@PotempkinBrain) May 29, 2023
Доктор Златан Елек, директор на КБЦ во Косовска Митровица, за „Новости“ вели дека повеќе од 50 граѓани дошле во оваа здравствена установа со повреди од шок бомби, гумени куршуми и боева муниција, откако Србите собрани во Звечан биле нападнати од КФОР и косовската полиција. Еден маж моментално е во операциона сала и лекарите се борат за неговиот живот. Според нивните информации тој има прострелна рана во пределот на карлицата. Едно лице кое е тешко повредено во моментов е на дијагностика. А, меѓу повредените е и доктор Драгиша Миловиќ, претседателот на општина Звечан, кој беше погоден во пределот на градниот кош, но не се знае од што.
https://twitter.com/Spriter99880/status/1663236738116993025
Припадниците на КФОР се обиделе насилно да ги вовлечат претставниците на Српската листа во својот кордон, а потоа следеле шок бомби и бил фрлен многу солзавец. Чад ги покри улиците кои водат до општинската зграда.
Неколку амбулантни возила се паркирани во центарот и пружаат прва помош на повредени од солзавец.
Само неколку минути пред тоа, Игор Симиќ, претставник на Српската листа, ги повика граѓаните, кои се повеќе од илјада, собрани пред зградата на општината во Звечан, мирно да седнат на земја, со кренати раце. .
“Се тресам. Плачам. Очајни сме. Имаат долги цевки. Не натераа да трчаме. Не бркаа по улиците. Не пцуеја “Марш дома, бегај”. Многу сум вознемирен. Ние излегвме и мирно протестиравме“, јави репортерот на „Новости“ од местото на настанот.
Извор: Б92