„Според прелиминарна верзија на настаните, десниот мотор на авионот „Ил-1 12В“ се запалил“ соопштија од компанијата.
Тие велат дека авионот се срушил при пробен лет. Авионот во пожарот бил целосно уништен и покрај напорите за негово гаснење.
Пилотите кои управувале со авионот направиле се што можеле за да ја спречат катастрофата и да го одалечат авионот од населените места, соопштија од компанијата.
Тројцата кои биле во авионот се загинати.