Изложена опрема на МВР
Денеска е одбележан Денот на македонската полиција во паркот „Авион“ во скопски Аеродром. На настанот беше презентирана опрема од Министерството за внатрешни работи низ годините која ја имале различни полициски единици.
На настанот беа присутни луѓе од раководните позиции. Министерот Панче Тошковски се заблагодари на полициските службеници и даде краток осврт на стоте денови како прв човек на МВР.
Се обрати Тошковски
Краток период, но и повеќе од доволен сум во институцијата за да увидам дека има луѓе кои работат за доброто на татковината. Токму затоа во очи на престојните избори можам да кажам само едно големо благодарам на службениците кои на каков било начин беа вклучени во изборниот процес. Исто така, во овие 100 дена имав можност непосредно и конкретно да се уверам не само во обемот во одговорноста и во важноста на полициската работа туку и генерално во севкупната повеќеслојно значење на оваа институција, истакна Тошковски.
Граѓаните објавуваат видеа
Во продожние може да видите и видео од самиот настан. Со веење на националното знаме, со многу патриотски елементи беше одбележан денешниот ден.
Честит 7 Мај – Ден на македонската полиција 🇲🇰👌 pic.twitter.com/0mF7EZN7Ad
— Tochka X (@tochkaiks) May 7, 2024
„Тоа се луѓе кои деноноќно се грижат за сите нас, за нашата сигурност и безбедност и се пријател на граѓаните.“, пишуваат грѓаните на социјалните мрежи и упатуваат честитки за Денот на македонската полиција.