Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, народот нема за леб, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

600.000 наши сограѓани живеат со помалку од 150 денари на ден. Со СДС и ДУИ на власт секој ден е полош од претходниот. Со СДС и ДУИ бројот на сиромашни граѓани за 6 години се зголемил за 140.000, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат, во 2018 година бројот на луѓе што живееле во сиромаштија бил 460.000, денес е 600.000.

Секоја година од 2018 до денес по 24.000 граѓани запаѓаат во сиромаштија. Тоа значи дека овие луѓе имаат тешкотии да си ги обезбедат и основните средства за живот, како храна и лекови. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.