Китичај Будчан под видеото на Фејсбук што го снимил за време на викендот, каде што се гледа глава на слон во неговата кујна сатистички напишал:
-Дојде повторно да готви
Веројатно поради ноќниот глад, џиновското животно ја турнало главата во кујната на Китичаи во раните утрински часови во неделата, користејќи ја сурлата за да најде храна.
Во еден момент слонот зел пластична кеса во која имало течност, ја прегледал накратко, а потоа ја ставил во устата, а видеото запира тука.
Китичаи и неговата сопруга живеат во близина на националниот парк во западен Тајланд, покрај езеро каде слоновите често се капат додека шетаат низ џунглата.Тој не бил вознемирен од изгледот на ова џиновско животно, препознавајќи го како редовен посетител кој често доаѓа во домовите во неговото село, каде што јаде, а потоа се враќа во џунглата.
Слонот, всушност, им го уништил ѕидот на кујната во мај, рече тој, правејќи им отворена кујна што потсетува на прозорец на „драјв-ин“.
Викендов неговата единствена задача била само да најде храна.Китичаи вели дека главното правило кога станува збор за несакани гости е да не ги хранат.
-Кога не добиваат храна, тие сами заминуваат , вели тој за АФП и додава Веќе сум навикнат на доаѓање на слоновите, затоа не бев загрижен.
Дивите слонови се честа појава во тајландските национални паркови и околните места, а земјоделците понекогаш известуваат дека гладно стадо слонови ги јаде нивните плодови и житните култури.