На него се гледа како францускиот претседател трча кон граѓаните со заштитна маска на лицето, придружуван од две лица од обезбедувањето. Макрон се приближил до оградата и фатил за рака еден од насобраните, по што тој му удрил шлаканица.

Вознемирен, Макрон рефлексно се придвижи настрана, а членовите на обезбедувањето го влечеа кон автомобилот.

На оваа снимка се слуша и ударот.

Еден член на обезбедувањето веднаш го однел претседателот на сигурно, додека други го бутнале напаѓачот на земја и го совладале.