САД се посветени на обезбедување стабилност и безбедност на Западен Балкан, овозможувајќи државите од регионот да го исполнат својот потенцијал како слободни и просперитетни демократии, порача државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, по наредбата за проширување на санкциите за лица и организации од Западен Балкан. Со додавањето на Преспанскиот договор и Меѓународниот механизам за кривични судови, САД го модернизираат режимот на санкции, потенцира Блинкен во писмената изјава.

Блинкен наведува:

-Соединетите Држави препознаваат дека корупцијата ја загрозува економската рамноправност, глобалните напори против сиромаштијата и развојот и самата демократија. Корупцијата предизвикува директна штета на надворешната политика, националната безбедност и економското здравје на САД и на нашите сојузници и партнери. Затоа сме решени да промовираме одговорност и да се бориме против неказнивоста на оние што се вклучени во значителна корупција на Западен Балкан и светот

Новите извршни наредби овозможуваат санкции за лица кои со своите активности го дестабилизираат регионот и ги поткопуваат демократските институции и владеењето на правото преку кршење на човековите права.

Со декретот потпишан од претседателот Бајден се овозможува конфискација имотот во САД и се забранува влез во земјата за лица кои претставуваат закана за безбедноста на Западен Балкан.