Епицентарот на земјотресот бил во близина на руралниот град Менсфилд, на околу 200 километри североисточно од Мелбурн, на длабочина од 10 километри
Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди областа во близина на Мелбурн во Австралија, објави тамошниот Метеоролошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на руралниот град Менсфилд, на околу 200 километри североисточно од Мелбурн, на длабочина од 10 километри.
Локалните медиумми објавија фотографиии од урнатини на улица во Мелбурн, а луѓето во северните делови на градот објавија на социјалните мрежи дека останале без електрична енергија.
Не е издадено предупредување за цунами.