Посилен земјотрес со јачина од 6,3 степени според рихтеровата скала е регистриран на територијата на Нов Зеланд утрово во 7 часот и 58 минути.

ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил 80 километри од Велингтон а на длабочина од 48 километри.

Сведоците на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека земјотресот траел 20 до 30 секунди, дека ѕидовите и креветите се треселе, а предметите паѓале од полиците и сликите од ѕидовите.

Засега нема извештаи за значителни штети на згради или евентуални жртви.

Претходно циклонот „Габриел“ ја погоди земјата по што властите почнаа да ги проценуваат штетите предизвикани од поројните поплави, одроните од земјиште и силните ветрови во кои загинаа три лица, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови.