Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговори на новинарско прашање за тоа дали е точно тоа што Ковачевски го кажа за сигналите од опозицијата за уставните измени.
„Точно е дека Ковачевски поднел оставка, а Талат Џафери му ја искинал. Нека не ја замајуваат јавноста, нека каже Ковачевски како му е скината оставката и како отишол во САД и на крајот – нека каже пред јавноста кои се пратениците од СДС од ИЕ 1 и 2, и некои од ИЕ 4, кои рекле дека нема да гласаат за промена на Уставот“, нагласи Стоилковски.
Тој рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени е непроменет.