Почитувани, фатени се живи! Откако објавивме дека само во Ѓорче Петров, две машини за перење чинат 25.500 евра, за што објавив и документи од Јавни набавки и документ потпишан, документ за јавна набавка на стоки со договорни страни детска градинка „Росица“ -Ѓорче Петров и ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје со потписи од директорката на градинката и од носителот на набавката, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Стоилковски:

-Почитувани општината на Александар Наумовски од СДСМ истрча да каже дека набавката сега немало да се изврши. Набавката којашто е цели 10.000 евра повеќе од пазарната вредност на двете машини за перење, само за потсетување наместо нивната цена од 25.500 денари, ова е една понуда за иста машина со исти перформанси како набавката по цена од 6.650 евра плус ДДВ, што значи вкупно 15.000 евра, цели 10.000 евра повеќе од она што може пазарно да се набави, плаќа општина Ѓорче Петров преку градинката „Росица“ за само две машини за перење. Сега таа набавка откако ја објавивме немало да се изврши.

Криминал до криминал, лага до лага!

Ова е Договорот, потпишан од директорката на градинката поставена од Александар Наумовски. Ви покажав договор, датум, потпис, 18.05.2021 година. Ова е дел од документите од Јавни набавки, каде стои дека е завршена процедурата.Ова е објавениот тендер и општината вчера потврди дека огласот траел 15 дена.

И сега, Наумовски преку општинскиот портал вели градинката самостојно вршела избор, тие немале врска. Ама на продажбата се пријавиле двајца, еден од нив немал комплетна документација, па морало да го изберат единствената понуда со комплетна документација, таа со понуда од 25.500 евра за две машини за перење. И трето, најсомнително, општината на Александар Наумовски вели градинката немала пари, па договорот сега немало да се реализира.Ова е одговор на Наумовски, одговор на општината, кој што вака во целост можеби ја испраќа најважната порака- фатени се живи.

Почитувани, тука има основен сомнеж за криминогености!

1.Ако нема врска општината или ако нема врска Наумовски со оваа набавка, зошто се јавуваат неповикани? Наместо Наумовски да повика истрага, да ја повика и директорката на градинката, да ја казни за ваков чин, тие ја правдаат оваа одлука и притоа најавуваат поништување на договорот.

2. Како тоа, како второ прашање во услови на криза, на економска криза нема фирми заинтересирани за тендер на општинска градинка која што достигнува цена до вредност од 25.500 евра за само две машини за перење? Имало само една заинтерсирана фирма, втората се откажала. Зошто притоа не е спроведена е-аукција за проширување на видливоста на тендерот, со цел подобра понуда? Ако имало само една понуда, со толку висока цена, 10.000 евра повеќе од пазарната, зошто тогаш е потпишан овој договор, а не е поништен тендерот?

3. Ако немале пари, под трето прашање, зошто тогаш е спроведен воопшто тендер, тој тендер, оглас којшто траел 15 дена и зошто тогаш е спроведена постапката до крај, потпишан е договор, за којшто според договорот еден од членовите вели дека при услови за раскинување или прекинување на договорот, вели ако една од договорените страни не ја исполни својата обврска, другата може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот во секој случај има право на надомест на штета. И сега кој и од каде ќе ја наплати казната, каде ќе завршат тие пари?

Има одговори за сето ова и тие одговори мора да го даде градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, чиј што кадар е директорката на градинката.

На крај, благодарам за поканата од Наумовски да одам во градинката, упатен во вчерашното соопштение, ама мене таму не ми е место, ама не му е место ниту нему, а очигледно ниту на директорката поставена од него. Деталите и документите од оваа прес конференција но и од следните ќе бидат испратени до ЈО за организиран криминал, сега сметам дека нив им е местото таму, па потоа да видиме кој каде ќе оди.

Почитувани, само вчера во Штип над 100 семејства останаа без леб над масата, над 10.000 луѓе во Македонија годинава станаа дополнително социјални случаи, над 50.000 луѓе останаа без работа во кризата, над 20.000 деца останаа без правото за образование, илјадници починаа заради необезбедена навремена здравствена заштита, ама затоа во Ѓорче Петров се набавуваат две машини за перење за над 25.500 евра, рече Стоилковски.