Кризниот штаб на Општина Ѓорче Петров е активиран по силното невреме што ја зафати општината, а екипите се на терен и интервенираат на локациите каде има потреба.

Градоначалникот Александар Стојкоски информираше дека општинските служби работат на расчистување и оспособување на блокираните патишта предизвикани од невремето.

„Во моментов Општина Ѓорче Петров е зафатена од силно невреме. Кризниот штаб е активиран, а општинските екипи веќе се на терен и работат на расчистување и оспособување на блокираните патишта“, објави Стојкоски.

Тој посочи дека општината ќе остане целосно мобилизирана и присутна на терен за брзо справување со евентуалните последици од невремето.

За пријавување на несакани ситуации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 070 298 508 – Даниел.