Околу 200 лица, меѓу кои и деца, ноќеска биле спасени од морето на брегот на Омиш, соопшти Министерството за море, транспорт и инфраструктура. Тие се засолниле во морето и на чамци поради голем пожар што го зафатил брегот.
Обемната операција за спасување ја координирал Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море во Риека, во соработка со Капетанијата на пристаништето во Сплит и нејзините ограноци.
Координираната операција започна синоќа во 23:40 часот, по пријавите дека голем број луѓе со деца се наоѓаат во морето и на чамци без надзор, каде што побарале засолниште од пожарот. Во спасувањето учествувале сите расположливи чамци на Капетанијата на пристаништето во Сплит и во Макарска, Милна и Хвар.
Во Клиничкиот центар во Сплит помош побарале 36 лица поради повреди здобиени во синоќешниот пожар близу Омиш. Четиринаесет пациенти биле хоспитализирани, додека другите се пуштени на домашно лекување. Седум пациенти се наоѓаат на интензивна нега и нивниот живот е во опасност.
